- Учениците од осмо и деветто одделение во основното училишта „Ристо Шуклев“ во гевгелиското село Негорци, по идеја на наставничката по ликовно образование, го направиле своето училиште поубаво, пошарено и поинспиративно.
- „Сопругот е фотограф и графички дизајнер, па заедно со него го направивме проектот да се презентира токму така како што би изгледало во реалниот простор кога ќе се заврши. Ѝ го презентирав на директорката Жаклина Линкова, која се воодушеви и веднаш прифати“, вели наставничката Анамарија Митриќеска-Кал’чева.
- Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села обвини дека се копаат криптовалути во училишта чии директори се поставени од ДУИ и најави повеќе детали на таа тема.
- Се судрија про-палестински и про-изрaелски студенти во кампусот на Универзитетот на Калифорнија од Лос Анџелес (UCLA) па интервенираше полицијата опремена за разбивање демонстрации.
- Летале боксови и клоци, играле стапови, столчиња и сè што се нашло при рака а градоначалникот вели дека полицијата интервенирала по барање на школото.
- Судирот настанал кај про-палестинскиот камп каде што тој табор дигнале барикади па спротивниот табор дошол да ги сруши.
- Во полициските интервенции во студентските кампуси ширум земјата последниве две недели, досега има над илјада упасени лица. Ретки се универзитетите во кој институцијата и студентите најдоа некое прифатливо решение.
********
- Наумче Мојсоски, актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претходниот директор на агенцијата и Даниел Димевски, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет се на листата од 12 лица за кои денеска е поднесен обвинителен акт во врска со доделувањето на т.н спортски ваучери.
- Во февруари минатата година ДКСК побара кривично да се гони директорот на АМС, Наумче Мојсоски. ДКСК се сомневаше дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.
- Лидер објави дека ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски.
- Каевски се изјасни за невин, обвинувањата ги отфрли како неосновани а се сомнева и во тајмингот на покренување на предметот.