Вкусно предјадење

Панирани шампињони

Панираната храна е сама по себе доста калорична но бидејќи печурките содржат доста вода овој рецепт е полесен за јадење.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • ½ кг. печурки
  • 100 гр. кашкавал
  • 100 гр. шинка
  • магдонос
  • бибер, црвен пипер
  • брашно, јајца и презла за панирање
  • сусам

Подготовка

Очистете ги печурките и отстранете ги дршките. Ако ги миете со вода оставете ги добро да се исушат пред да ги готвите.
Ситно исецјате ги кашкавалот и салмата и зачинете ги со бибер, црвен пипер и сецкан магдонос. Со оваа смеса наполнете ги печурките.

Спојувајте ги печурките по две со чепкалка.

Панирајте ги печурките во брашно, изматени јајца и презла. По желба во презлата измешајте сусам.


Панираните печурки пржете ги во тава со загреано масло на силен оган. Потоа вадете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот на масло.


Печурките послужете ги топли во комбинација со марула или рукола.

30 јуни 2012 - 07:00