Bookbox

Како некој да го местел датумот, писателот, преведувач и новинар кој пишуваше за белградско „Време“, Иван Ивањи, почина на 96 години на 9 мај, денот на победата над фашизмот. Уште поинтересно е каде - на чекор до логорот во кој бил депортиран пред 80 години, во Вајмар, во омилениот хотел на Хитлер!

Чувство дека немаш сродна душа на овој свет. Тага поради загуба на близок човек или место. Вознемиреност дека околината не те разбира. Осаменоста не е едно нешто, туку калеидоскоп на искуства кои се и емоционално, но дури и физички опасни. 

Кога легендарниот продуцент Стив Албини им пишал на Нирвана

На 7 мај од срцев удар ненеадејно почина американскиот музичар, аудио инженер, продуцент и новинар Стив Албини (61). Легендите велат дека има работено на неколку илјади албуми во текот на кариерата, меѓу кои со Пиксис, Пи-џеј Харви и со поранешните членови на Лед Цепелин. Но она што деновиве најмногу се цитира е почетокот на неговата приказна со Нирвана. 

Британскиот поштенски скандал долг дваесет години преточен во мини-серија

„Господин Бејтс против Поштата“ е комбинација на играна и документарна серија во која се опишува случај кој практично уште не е завршен и по две децении истрага и судски спорови. Сè започнало кога британската пошта тужела стотици невини раководители на локални пошти за кражба на средства, чиј кусок всушност бил предизвикан од дефектен сметководствен софтвер развиен, одржуван од компанијата Фуџицу. 

Би гледале ли реално шоу во кое гол човек е затворен во соба и не знае дека го следат 17 милиони луѓе?

Го викаат „Насуби“ (со акцентот на 'а') што на јапонски значи модар патлиџан, поради долгнавестиот облик на неговото лице. Сонот му е да стане познат комичар, па се пријавува на аудиција за реално шоу. Она што потоа му се случува е многу по хорор верзија на Труман шоу. 

Кога Би-би-си направи лажен документарец за „дрвја што раѓаат шпагети“

Околу осум милиони гледачи пред малите екрани со љубопитство следат документарец за семејство во Тичино, Швајцарија, кое одгледува шпагети кои растат на дрво. Годината е 1957, програмата е на реномираниот Би-би-си, а гледачите следниот ден - втори април - вртат телефони во телевизијата за да дознаат каде можат да купат од садниците. 

Еротскиот бестселер напишан како првоаприлска шега

Била објавена под псевдоним, но зад книгата стоеле 24 новинари од списанието „Њусдеј“. Иако целта била да се исмеат книгите од жанрот романса и еротика, ефектот барем некое време бил тотално спротивен - книгата се продавала како алва, дури и откако самите новинари признале дека станува збор за зафрканција.

Почудно од измислено: детално планираното убиство на продуцентот на серијата „Проблемот на трите тела“

The 3 Body Problem, првата книга од дистописката трилогија на кинескиот автор Лиу Цисин, ја опишува средбата на Земјаните со вонземска цивилизација, од близок систем кој се состои од три сонцолики ѕвезди кои орбитираат едни околу други. Сега романот е екранизиран во долгоочекуваната серија на Нетфликс. Нејзината инстантна популарносст многумина потсети на подразборавената мрачна приказна зад шоуто, која доби завршница на истиот ден со премиерата. 

Стиховите на песните стануваат поедноставни, полути и понарцисоидни

Наводно не било (само) до тоа дека сме постари. Според студија објавена оваа недела, во последниве 40 години песните, барем на англиски, и тоа во повеќе жанрови, стануваат сè „побазични“ - со поедноставни фрази кои се повторуваат. Во однос на содржината, доминираат песни кои не се весели. 

Вештата шпионка која го спречила Хитлер да го испразни Лувр

На прв поглед, со фустанчето со штиркана јака, уредната фризура и наочарите, така сместена среде сликите, изгледа како типичен „н'рд“ - историчар на уметност. Но Роза Антонија Марија Валан била многу повеќе од тоа - осамена шпионка која си го ризикувала животот од љубов кон уметноста.

Музеите во Италија водат војна против „вулгарната“ и комерцијална употреба на делата од нивните колекции

Статуата на Давид на Микеланџело е еден од симболите на Италија. Но дел од културниот естаблишмент смета дека верското и политичкото значење на ова, како и на други уметнички дела, се вулгаризира со продажбата на илјадници магнети и други сувенири, чија главна цел е комерцијална. Домашните закони се на нивна страна, но забраните можат да имаат контра-ефект.

Оксфордскиот речник на англискиот јазик додаде дури 23 јапонски зборови

Пoвеќе од половината позајмени зборови се однесуваат на готвењето. Вклучено е и „кинцуги“, популарната вештина на поправање оштетена керамика со златен лак. Најинтересен пример е всушност англиски збор, најпрвин преземен од јапонскиот, а сега повторно влезен во англискиот во својата јапонска варијанта.

Џереми Ален Вајт ќе го игра Брус Спрингстин во нов биографски филм

Главниот лик од серијата „Мечката“ (The Bear) од ресторанска кујна ќе треба да се прешалта на музичката сцена и да го игра Спрингстин во времето кога овој го снима албумот „Небраска“.

Букбокс гледаше: „Ефтеркланг: Македониум бенд“ (2024)

„Креативниот процес е како патување во непознатото, каде секоја песна е нова дестинација која чека да биде истражена“. Со овој цитат на Тоше почнува приказна која е многу повеќе од музичка, а тешко се опишува и со студениот термин „колаборативна“, кај нас навлезен преку проектните терминологии кои го имаат исцедено од неговиот благороден потенцијал. Единствен начин да го споделите чувството е да го погледнете филмот и потоа да се фатите на орото, „напраени“ од љубов и убавина.

40 години од смртта на Бранко Ќопиќ: „Бев неколку чекори зад него кога се фрли од мостот“

Помладите веројатно не го знаат, освен ако негова книга не останала на рафтовите на домашната библиотека. Беше еден од славните имиња на југословенската книижевност, но замина трагично, токму на денешен ден, 26 март 1984. Досега знаевме дека е во прашање самоубиство, но еден документарец ни ги открива и деталите.

Непреводливиот корејски збор за вечна љубов

Сте се сакале од деца, ама никогаш не сте ја „материјализирале“ таа љубов. Сте биле во исто друштво ама во врска со други луѓе, иако сте посакувале да бидете заедно. Никогаш не сте биле дечко и девојка ама сте зборувале со саати на телефон и сте делеле ист вкус за книги и музика. Во Кореја имаат збор за ова. 

Што ни кажуваат имињата на ракетите за стратегијата на државите кои ги поседуваат?

Текстот е за вооружување, но спаѓа во категоријата психолингвистика. Затоа што јазикот не служи само како средство за комуникација, туку изборот на зборови може да го интензивира или да го минимизира значењето на кое и да е прашање. Номенклатурата на стратешките ракетни арсенали, особено во јужна Азија, е поврзана со религискиот, историскиот и културниот контекст, а целта е моделирање на јавната перцепција и на динамиката на регионалната безбедност преку именување на - ракети.

Вистинската приказна зад „Ширли“ - новиот филм за првата црна кандидатка за претседател на САД

Иако Ширли Чисхолм на повеќе начини ја променила американската историја, таа не е ни оддалеку позната како Мартин Лутер Кинг помладиот или Роза Паркс. Сега Нетфликс сака тоа да го смени со „Ширли“, биографски филм кој се фокусира на историската претседателска трка на Чисхолм од 1972.

Кој сака да биде цар на неколку месеци?

Целосното замрачување на сонцето во Асирското царство значело можна смрт на владетелот. Решението - постави лажен цар на еден ден и после убиј го. Имало и доброволци, ама главно страдале воени затвореници, криминалци и сиромашни селани.

Најбавните (а славни) писатели

Во свет кој ја цени брзината, па и во пишувањето и издавањето книги, за публиката случајно да не го заборави, бавниот писател учи да ја толерира неизвесноста која оди рака под рака со долгите проекти. Можно ли е да се исклучи вревата на сомнежот додека лежерно се троши времето на лангзам пишување?

Тимоти Шаламе ќе го игра младиот Боб Дилан

По повеќе одложувања на продукцијата, новиот биографски филм за нобеловецот Дилан конечно започна да се снима. Нормално, веднаш штом се појавија првите фотографии почна мрчењето за изгледот на главниот актер, кој според коментарите повеќе личел на руски емигрант отколку на самиот Боб. 

Професорките од Оксфорд кои тврделе дека се патници низ времето

Две учени и почитувани жени од викторијанска Англија велеле дека ја сретнале Марија Антоанета, жива и здрава, во Версај. За ова свое искуство објавиле и книга, додуша под псевдоним, бидејќи се плашеле од потсмевот на колегите. И оправдано.

Иван Џепароски: Никој не се смее сам

Денес, 20.03., беше промовиранa нова книга од професорот Иван Џепароски посветена на комичното и хуморот, многу соодветно објавена во издание на Театар Комедија. Меѓу другото, во неа се поставува прашањето на кое често помислуваме во последно време - како постепено, но сигурно, исчезнува смеата кај нас? Зошто и кога се смееме тоа го правиме во грч, како со киселина во устата и во душите? Иљачот за нашата загубена духовитост која ја заменивме со цинизам можеби е во советот на извесен доктор Зајцев.

Tajното „Возвишено здружение на бифтеците“ кое постои и денес

Уште од 17 век, низ Европа почнале да се формираат ексклузивно машки клубови, со комбинирана цел - јадење месо и ширење патриотизам. Најактивни биле оние од Британија, квази-масонски здруженија со театрални ритуали, кои иако денес се масовно критикувани, сè уште се одржуваат.

Хендл и Хендрикс под покрив на еден ист музеј

Германски-британски барокен композитор познат по своите опери, верски химни и концерти за органа. Aмерикански музичар, еден од најдобрите гитаристи во историјата, кој ги палеше своите гитари на сцена. Што ли би можеле овие двајца да имаат заедничко, побогу?

Голф и Рубикова коцка - нешта што полнат 50 години

Изгледа дека во 1970-тите немало само ѕвонарки, диско и џигерици, туку и производи кои или оставиле историски печат, или кои сè уште ги користиме.

Загатките на сфингата: феминистичка историја на крстозборот

Нова книга на Ана Шехтман, поранешна уредничка на познатото списание Los Angeles Review of Books, е истовремено мемоар и културолошка анализа на американските крстозбори од 1910 до 2010. Нејзиниот фокус е на жените кои низ тоа столетие се опседнале со јазикот и неговите правила и се обиделе да ги применат и популаризираат низ игра која за нив била повеќе од само пополнување квадратчиња со букви.

На 100 години почина изумителот на караокето

Неговото име е Шигеичи Негиши, кој кога имал 40 години дошол до идеја да го произведе она што денес го подразбираме под караоке машина, која тогаш се викала Спарко бокс. Професионалните музичари остро реагирале на нивната „замена“, исто како што тоа денес го прават со ВИ.

Како новинските агенции одлучуваат дали некоја фотографија е „премногу работена“?

Контроверзата околу ретушираната семејна фотографија на Принцезата од Велс и нејзините деца, освен мемиња и теории на заговор, откри и медиумите и фото агенциите, особено оние кои претендираат на сериозност и релевантност, излегуваат на крај со ова прашање, кое допрва ќе стане актуелно.