Црвени рози, за вас, мадам

Вродениот инстинкт да реагираме на црвената боја

Во различни култури црвената е поврзана со страст, секс и романтика. Дали ваквата асоцијација е резултат на еволутивно наследство или е нешто што е научено?

Од ружи преку кармини до мали спортски коли, голем број манифестации на црвената боја евоцираат љубов и страст. Нема сомневање дека црвеното и романтиката се поврзани, но помалку јасно е зошто е тоа така.

Едно од објаснувањата е што човечките општества толку долго, и толку многу ги имаат поврзувано двете, што веќе сме на некој начин условени да мислиме за нив како за нешто што оди во пар. Истражувачите бараат поддршка на ова трвдење во културни традиции кои се долги неколку милениуми. Окер црвената е користена во ритуали за плодност од раниот Хомо сапиенс, кога со неа се шарани женските тела и ликови. До денес невестинската црвена е вообичаена на свадби од Кина до северна Африка, а се спомнува и во Ригведа, дрвениот свет хинду текст. Поврзаноста помеѓу црвената и бракот во Индија е стара најмалку 3500 години.

Во модерни времиња црвената често се појавува во контекст на недозволен секс па не случајно изразот „улица на црвените фенери“ за кварт со легални или нелегални јавни куќи.

Во 2008 психилозите од Универзитетот во Рочестер, Ендрју Елиот и Даниела Неста, ја поставиле таканаречената „хипотеза на романтичната црвена“. Тие сметаат дека врската, иако е поддржана и промовирана од културата, сепак има биолошко потекло. Ваквите и слични теории секако не се нови, и се вклопуваат во генералните тези за еволутивното потекло на голем број човечки однесувања. Во случајов според авторите станува збор за црвенилото на гениталиите, градите или лицата на човечки и не-човечки примати, кое е резултат на покачени нивоа на естроген во крвта. Овој феномен е највпечатлив кај бабуните, чии гениталии драстично отекуваат и поцрвенуваат како повик кон партнерите.

Луѓето не ја рекламираат својата подготвеност за парење на толку очигледен начин, но жените покажуваат зголемен сексуален интерес во тек на овулацијата, и исто така имаа тенденција да „руменеат“ од сексуална возбуда, на лицето, вратот и на градите. Оттаму, не е ни чудно што мажите го интерпретираат црвенилото како потенцијална покана.

Експериментот на Елиот и Ниеста се состоел од тоа машки студенти да ја оценуваат привлечноста на жени на фотографии. Некои од нив во позадината имале црвена боја или пак жените биле облечени во нешто црвено. На други слики жените носеле други бои, бела, зелена или сива. Секоја варијација во експериментот давал ист резултат - жените кои носеле црвено, или кои стоеле пред црвена позадина, биле оценети како попривлечни.

Неколку години подоцна Елиот и нејзините колеги го промениле експериментот, овој пат замолувајќи жени да оценуваат мажи. Интересно, но и жените сметале дека мажите кои носат црвено се поатрактивни, што покажува дека бојата иницира реакција во обата правци.

Други истражувања покажуваат ограничувања на оваа хипотеза. На пример германски психолози во 2013 дошле до заклучок дена црвената навистина ја зголемува привлечноста на мажите, но само ако жените се млади. Истото истражување покажало дека жените во принцип ги сметаат другите жени кои носат црвено како „сексуално рецептивни“, но и како потенцијални конкурентки од кои треба да се пазат.

Сепак, пред да се прогласи оваа врска за универзална, треба да се земат предвид и таквите толкувања на црвената кои ја поврзуваат со војна, агресија, жртвување и лутина. Така, јасната еволутивна врска со сексуалниот поттик од џиш црвена станува малку побледа.

извор

15 февруари 2021 - 10:01