таг: култура

„Спинерот“ кој го отсликува светот во кој живееме
Современиот homo ludens

Последниов месец низ дома се пека за некаква играчка која ја немало кај нас, ама била „супер“. На прашањето што конкретно се прави со неа, одговорот е - ништо. Но на радоста ѝ немаше крај кога случајно ја најдовме на пазарска тезга, на која едвај можеше да ѝ се пристапи не само од деца, туку и од возрасни кои би нешто да вртат. Повеќе

Уметниците и критичарите кои пoвикуваат на штрајк на денот на инаугурацијата
#Ј20

Откако Трамп едвај состави листа на музичари кои би настапиле на неговата инагурација, сега се соочува со закани за генерален штрајк. И дел од културните работници се придружуваат на идејата. Но дали е ова навистина промовирање отпор или позерство? Повеќе

„Таруф“: зборот со којшто се одбива она што се сака
Персиската уметност на доброто однесување

Оние неупатени во персиската култура несакајќи можат да се избрукаат кај нивните домаќини. На пример ако веднаш го прифатат понудениот пијалок, или ако инсистираат сами да си ја платат сметката. Повеќе

Неверојатното нешто што го правиме додека муабетиме
Делфините брзо пливаат, орлите високо летаат, а ние..

Разговарањето со други луѓе најчесто се одвива толку спонтано што не забележуваме дека притоа се служиме со една од најголемите човечки вештини - надоврзувањето, со неверојатна брзина, на муабетот веднаш по точката којашто ја става нашиот соговорник. Повеќе

Културна историја на косата
Од Самсон до Доналд Трамп

Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја Повеќе

Заедничкото опивање и јапонскиот бизнис

При бизнис со меѓународни партнери важно е да се знае нивниот тертип на правење на работите, и тоа, според Бизнис инсајдер, во осум области: комуникација, проценка, убедување, раководење, одлучување, доверба, несогласување и правење распореди. Во Јапонија, сето тоа е полесно со алкохол. Повеќе

Што значи тоа „по македонско време"?
Плус-минус 15 минути

Она што физиката се обидува да го објасни преку комплицирани формули, јазикот си го илустрира многу едноставно - во англискиот постојат варијанти на еден израз кој го опишува односот кон времето на различни етнички, расни и други групи. Може да се примени и на поединци, кои не фермаат кога некој ги чека со часови. Повеќе

Најдоброто во културата за 2013
Список на списоци

Доволно е тешко двајца да се согласат околу тоа што е „добро", а камоли цел свет да се договори што е тоа што било најдобро во 2013. Еве некаков предлог-список на списоци од различни извори, кои често ги консултираме и на кои им веруваме.  Повеќе

Добар ден
Основна култура

Некултурата во нашето општество е длабоко вкоренета, да не речам и дека влече традиција од "турско", насекаде ја има, по улиците, по автобусите, во кибер просторот... Повеќе