Песна на денот

Споредено со што?

Сакај ја лагата и лажи ја љубовта
држи се, буткај и тегни
Да поседуваш е мотивацијата
тоа ја кочи целата божја нација
Изгледа како секогаш да завршуваме во ендек (сите заедно!)
обидувајќи се да се оствари - споредено со што?

Кланицата убива свињи
забегани деца убиваат жаби
сироти глупи работници ваљаат трупци
уморни стари госпоѓи си ги бацуваат кучињата
го мразат човечкото, ја сакаат таа смрдлива муцка (не можам тоа да го поднесам!)
Обиди се да стане реално - споредено со што?

Претседателот, тој си ја има војната
народот не ни знае што е поентата
Никој не нуди ни рима ни причина
ако се сомневаш, тие тоа го викаат предавство
Сите сме ко кокошки, сите без муда (по ѓаволите!)
Обидувајќи се да се оствари - споредено со што?

Црква во недела, спиење и климање со главата
трудејќи се да го смириш гневот Божји
Свештеникот нè пумпа со страв
обидувајќи се да ни каже што е исправно
изгледа како и тој да е некој лудак
Обидувајќи се да се оствари - споредено со што?

Каде е таа пчела, и каде е медот?
Каде е Господ, и каде се моите пари?
Нереални вредности, сурова дисторзија
Неомажени мајки на кои им треба абортус
Некако ти доаѓа да помислиш на стариот млад крал Тут
Се обидов да го остварам - споредено со што?!

Роберта Флек

Лес МекКан и Еди Харис

11 септември 2012 - 11:38