Уникатна изложба на јапонски кукли во Археолошкиот музеј
28 февруари 2024
- Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија со уникатната изложба со наслов „Нингјо“, која ќе биде отворена на први март и ќе трае до 26 април оваа година.
- Изложбата „Нингјо“ ќе претстави сеопфатен вовед за јапонските кукли, од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, до локални кукли кои ја рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет.
- Нингјо значи „кукла“ или „човечки облик“ на јапонски јазик и културата за кукли, која се негува низ годините во Јапонија, во Археолошкиот музеј ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во четири категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој“, „Нингјо уметност“, „Нингјо фолклор“ и „Ширењето на нингјо културата“.