- Авантурите на каубоецот кој пука побрзо од својата сенка и е во постојан конфликт со браќата Далтони почнале да се објавуваат во декември 1946, во француско-белгиското списание Spirou.
- По повод јубилејот излезе „Некогашните вестерни“, ретроспективна книга за потеклото на овој лик која ги вклучува првите две приказни нацртани од белгискиот илустратор Морис, а кои претходно не биле објавени.
- Оригиналниот илустратор се преселил во САД во 1948 и шест години патувал низ земјата, собирајќи голема архива за пионерите на американскиот Запад во втората половина на 19 век. Тогаш неговите стрипови добиле сатирична димензија, односно станале пародии на вестерните. Ликот до денес доживува промени и станува „покоректен“. Од 1983 веќе нема цигара туку сламка во уста, а во 99-тата книга зазема и политички став: бидејќи 25% од каубојците биле црни, во неа прв пат се појавува црн шериф.
- Во вторник (21 мај) со почеток во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата.
- Како што информираат од библиотеката на промоцијата во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.
- За претходно интервју со Башевски тука.
- Канадската писателка и добитничка на Нобеловата награда Алис Манро, почина на 92-годишна возраст во старечки дом во Онтарио. Таа страдаше од деменција повеќе од една деценија.
- Наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“, Манро извршила револуција во архитектурата на кратките раскази. Објавила 14 збирки со кои во 2013 станала првиот добитник на Нобелова за книжевност од Канада.
- Последната книга, „Драг животе“, е излезена во 2012, а дел од расказите се автобиографски. Велела дека туѓите, лошо напишани книги, ја инспирирале, знаејќи дека може подобро. Покрај Нобеловата има добиено и Букер, како и канадската награда Гилер, за „Блуз од мешана крв“.