Сите добитници на „Златен глобус“ 2024
8 јануари 2024
- „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доминираше на 81-те Златни глобуси, освојувајќи пет награди, меѓу кои и најдобар филм-драма, а „Кутрите“ на Јоргос Лантимос го победи „Барби“ на Грета Гервиг во категоријата најдобра комедија или мјузикл. „Опенхајмер“ освои и Глобус за најдобар режисер за Нолан, најдобар актер во драма за Килијан Марфи, најдобра споредна машка улога за Роберт Дауни Џуниор и за музика на Лудвиг Горансон.
- Ема Стоун e најдобра актерка во комедија за „Кутрите“, а Лили Гледстоун е најдобра актерка во драма за „Убијците на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе. Гледстоун е првата домородна актерка што освоила Златен глобус, и го започна говорот зборувајќи на јазикот на нејзиното родно племе Блекфит.
- Пол Џијамати е најдобар актер, а Да’Вајн Џој Рендолф најдобра во споредна улога за „Божикните сирачиња“ (The Holdovers) на Александер Пејн во категоријата комедија.