- Фестивалот Ехо започнува денес, понеделник, 23.10, ќе трае до 27 октомври и ќе понуди 55 филмови. Проекции ќе има во три кино сали, во Фросина и во Џепното кино (МКЦ), како и во Кинотека.
- „За годинашново издание успеавме да составиме програма од 55 филмови, објавување нова книга, четири презентации, мастер клас од полски режисер, еколошка панел дискусија, филмски фокус на македонски автор документаристот Трајче Попов, проектиран на филмска лента во Кинотека“, велат организаторите.
- Во рамки на Ехо фестивалот ќе има и конкурс за најдобра планинска фотографија, собрание на Меѓународна алијанса за планински филм, изложба на фотографии, како и четири детски работилници во дополнителната програма.
Целата програма тукa
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.
- Несекојдневен музички настан организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, којшто ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот .
- Во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.
- Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти.