Па прејако!
17 октомври 2023
- Во стилот на она „може сум неодлучен, а може и не“, Христо Петрески повторно поднел оставка од позицијата претседател на ДПМ.
- За оние кои до сега не ја следеле сагата поврзана со Друштвото на писателите на Македонија, тој прв пат поднесе „неотповиклива“ оставка на 9 октомври поради наводни здравствени причини, а пет дена подоцна ја повлече поради исто така наводни притисоци, уцени и закани.
- Со оглед на тоа што активностите во ДПМ никогаш не биле повозбудливи, со нетрпение го очекуваме продолжението. „Ја повлече поднесената оставка која претходно беше повлечена откако неотповикливо беше поднесена?“