Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих во Скопје
3 февруари 2024
- Легендарната актерка Мирјана Карановиќ доаѓа во Скопје на 3 март со претставата „Марлен Дитрих – петте точки на обвинението“ (Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice), објави „Авалон“. Во претставата, која ќе се изведе во Филхармонијата, Карановиќ ја игра контроверзната германска актерка, пејачка и активистка.
- Претставата во режија на Харис Пашовиќ ја имаше премиерата на фестивалот Мителфест во Италија.
- Мирјана Карановиќ, која е и филмска режисерка и сценаристка, се смета за една од најдобрите српски и југословенски актерки на сите времиња. Меѓу другото, доби номинација за Европска филмска награда за најдобра женска улога за филмот „Грбавица“.