Јапонска монодрама на Филолошкиот факултет
15 февруари 2024
- На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ).
- Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 години настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство.
- Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет.