Како би изгледала „Чекајќи го Годо“ доколку би била напишана во 2018?

Во оригиналниот текст на Бекет, Владимир и Естрагон го чекаат пристигнувањето на човек наречен Годо, кој никогаш не се појавува. Како би изгледало денес нивното чекање?

Двајца бездомници стојат на пуст пат, на кого се наоѓа само едно дрво. Тие не припаѓаат на некое посебно време или место - истовремено се и секаде, и никаде. Во тек на два дена се расправаат, се досадуваат, не знаат што со себе, се повторуваат, размислуваат за самоубиство и, главно, чекаат. Го чекаат Годо.

Од времето кога била напишана, во 1953, пиесата има доживеано огромен број изведби и толкувања. Како и секое антологиско дело, и ова овозможува во него да се пронајдат универзални пораки и значења, од најпесимистични, дека Бог (God) кого Владимир и Естрагон го чекаат никогаш нема да дојде и дека оттаму човекот е осуден на вечно и бесцелно очекување, до пооптимистични тонови кои зборуваат за човечката соработка и во најтешките времиња.

Како би изгледал овој драмски текст доколку би пишувал денес? Каде би се наоѓале ликовите, и што би правеле додека би чекале? Дали можеби Годо овој пат би дошол ама па никој не би го забележал, затоа што сите се вкопани со носевите во мобилните? Фино и кратко видео (минута и нешто) - етида за Годо во 2018.

29 мај 2018 - 13:49