Германскиот роман „Каирос“ добитник на Меѓународниот Букер за 2024

Џени Ерпенбек и преведувачот Мајкл Хофман се добитници на Меѓународниот Букер за романот „Каирос“. Таа е прва писателка од Германија што го добива ова признание, а пак Хофман е првиот маж помеѓу досегашните преведувачки (од 2015). 

„Каирос“ ја раскажува приказната за деструктивната љубовна врска помеѓу 19-годишна студентка и оженет средовечен маж кои се среќаваат во автобус во Источен Берлин околу 1986. Нивната врска го отсликува скршениот идеализам на ДДР и конечното распаѓање на целиот политички систем.

Авторката и преведувачот ќе ја поделат наградата од речиси 60.000 евра. 

Жирито го одбра романот од шест книги кои влегоа во потесниот избор, ценејќи ја „густата проза“ и квалитетот на преводот, кој според нив „ги дофаќа елоквентноста и ексцентричноста на пишувањето на Ерпенбек, ритамот на динамичните реченици и обемот на нејзиниот емоционален речник“. 

„Каирос“ е четврта книга на Ерпенбек. Нејзиниот втор роман, „Крајот на деновите“, ја доби Независната наградата за странска проза во 2015, претходното име на Меѓународниот Букер. 

Во потесниот избор влегоа и „Не е река“ од Селва Алмада; „Деталите“ од Ја Генберг; „Материја 2-10“ од Хванг Сок-јонг; „Она за што поарно не би размислувала“ од Џенте Постхума и „Скршено рало“ од Итаман Виеира помладиот. 

22 мај 2024 - 08:05