Гуштерите можат (буквално) да ја намирисаат величината на своите ривали

Во свет на брутален натпревар, собирање на разузнавачки информации за опонентите знае да биде работа на живот или смрт. Еден вообичаен рептил наречен „ѕиден гуштер“ користи прилично лукава тактика за оваа цел.

Нова студија покажува дека oбичните ѕидни гуштери (Podarcis muralis), кои се уште наречени и „европски“ бидејќи ги има во голем обем на овој континент, користат особено паметна тактика за проценка на големината на своите опоненти - преку сетилото за мирис. 

Машкиот гуштер лачи восочеста течност од порите на внатрешните бедра за да ја обележи својата територија. Ривалите од истиот вид можат да ги намирисаат овие хемикалии, наречени феморални секрети, со едноставно исплазување на јазикот. Научниците одамна сфатиле дека ваквите секрети содржат сигнали кои им овозможуваат на гуштерите да си ги измерат силите, но ова е прва експериментална демонстрација која го потврдува тоа. Резултатите се објавени во списанието Behavioral Ecology.

Во експериментот гуштерите биле соочени со сопствен одраз во огледало за кој сметале дека е друг гуштер. Кога им биле пуштани секрети, тие почнувале да го менуваат однесувањето, а најагресивни биле кога секретите доаѓале од примероци кои биле со иста големина или помали. Дури се обиделе да го гризат огледалото кога им биле пуштани мириси од многу помали гуштери. Истражувачите се уште не знаат како соодветните хемикалии ја откриваат големината на непријателот, но се сомневаат на одреден вид протеини. Следно, планот е да се искористат генетски алатки за да се идентификуваат остатокот протеини во овие миризливи течности. 

21 јуни 2023 - 12:25