Таг: мириси

Гуштерите можат (буквално) да ја намирисаат величината на своите ривали

Во свет на брутален натпревар, собирање на разузнавачки информации за опонентите знае да биде работа на живот или смрт. Еден вообичаен рептил наречен „ѕиден гуштер“ користи прилично лукава тактика за оваа цел.

Смел-о-вижн: пропаднатиот обид филмовите да мирисаат

Звукот, бојата и специјалните ефекти го трансформирале искуството на гледање филмови. Но на ова поле има и иновации кои едноставно не се „фатиле“. Еден од нив предвидувал прскање соодветни ароми во текот на проекцијата - кино-салите мирисале на рози, бензин, свеж морски воздух. Но не за долго. 

Како мириса оваа слика од 17 век?

Нова изложба во Шпанија вклучува десет ароми инспирирани од слика на Јан Бројгел постариот и Питер Пол Рубенс, која самата прикажува некогашна технологија на производство на мириси.

Луѓето што се „сингл“ мирисаат различно?

Во мирисот на нашите тела се наталожени куп психолошки и биолошки информации. Тие можат релативно точно да го предвидат нашето однесување, особено кога станува збор за избор на партнер. Но има и „квака“ - тој партнер, одбран според најпријатниот мирис, најчесто не е истиот со кого решаваме да живееме за озбилно.

Мирисни ја уметноста: една малку поинаква изложба на слики

На изложба на 17-вековно европско сликарство во Холандија ќе бидат поставени и „ароматизери“ кои ќе ја доловат мирисната атмосфера на тоа време. Мирисни кутии можат да се купат и за дома, за следење на изложбата онлајн.

Како мирисало минатото?

Кога замислуваме некој простор во историјата, на пример градот Скопје, ретко го земаме предвид мирисниот пејзаж. Сигурни сме дека луѓето би зборувале малку поинаку. Облеката секако би им била различна. Но како ли мирисало?

Ќе се прави „Енциклопедија на европски мириси“

Како мириса Европа? Не во метафорична и политичка смисла, во која некому нештата може да му смрдат. Истражувачи во прв проект од ваков вид ќе ги истражуваат минатите и сегашните ароми на европскиот континент.

Мишки и дињи: мирисно читање на Џејмс Џојс

На денот кога традиционално се чествува Џојс низ светот, за неговиот однос кон сетилото за мирис, кое е само „канал“ за филозофско разгледување на теми поврзани со општеството, сексуалноста и смртта. Внимание за почувствителните: текстот труе на пот, усмрдена риба, ама и на слатки дињи. 

Обидот њујоршка библиотека да мириса исто како во 1906

„Сетилна историја“ - вака би можела да се опише работата на група историчари, кои сакаат да нè вратат во минатото не само преку слики и звуци, туку и преку мириси.

Биографија на носот на Орвел

Славниот британски писател бил многу чувствителен на мириси. На овој необичен аспект на неговиот лик и дело е посветена нова книга, под наслов „Орвеловиот нос: патолошка биографија“.

Претстава во која главна улога играат мириси

Повеќе од сто години стара идеја за театарска симулација на патување преку звуци и мириси неодамна се оствари во Лос Анџелес. Во Скопје ваква претстава ќе биде успешна дури и ако во салата се пушти само мирис на чист воздух.

Како да сочуваш мирис

Скопските липи, сармата на мајка ви, мирисот на некој кој ви е драг - замислете да можете да си ги сочувате во кутивче, и да си „шмркате" од нив кога ќе ве фати носталгија?