72. роденден на писателот Норис

„Најопасниот човек на светот" е роден пред 72 години во Рајан, Окалхома. Прекарот го добил откако по придружувањето на американските воени сили заминал во Јужна Кореjа, каде почнал да се занимава со боречки вештини. Актер станал по наговор на Стив МекКвин, кој пак бил добар во карате.

Но она што е помалку познато е дека Чак напишал и неколку книги, помеѓу кои „Патриотизам на црниот појас: како повторно да се разбуди Америка", романот „Јавачи на правдата", автобиографијата „И покрај сè: мојата приказна", како и прирачникот за самопомош „Тајна на внатрешните сили: зен решенија за вистински проблеми". Во описот на книгата на Амазон за последнава се вели: „Некој можеби веднаш ќе ја отфрли книгава како површна презентација на сложена филозофија, од страна на претенциозен шоу-биз дилетант, но тоа би било грешка. Гледајте на неа како на искуство кое искрено се споделува од еден славен практикант на ова учење."

Освен што е зен, Чак е и голем конзервативец, десничар и христијанин, а своите ставови по актуелни прашања од американската политика редовно ги објавува во својата колумна на WorldNetDaily

На крај можеме само да заклучиме: не слави Чак роденден, роденденот го слави него!

10 март 2012 - 12:32