Таг: зорја

Само овој не чул за „No to racism“

УЕФА се искина од правење кампањи против расизмот во фудбалот со години наназад, ама некои при очи уште се прават слепи. Бразилецот Јури кој игра за Зорја од Украина приреди атракција со ножички, а потоа имитираше мајмун. По мечот се вадел дека тоа било одговор до гостинските навивачи кои први го испровоцирале со расистички извици.

Величината на Ибра на дело во Украина

На полувремето од мечот во Лига Европа меѓу Зорја и Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ на едно дете кое влета во теренот му го даде дресот и покрај тоа што редарите се обидуваа да го тргнат малиот. На крајот, Ибра со гол стави точка на победата на Јунајтед.

Златан ги губи нервите со Вејн Руни

Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.

Навивачка војна на Мајдан во Киев

Во пресрет на мечот Зорја - Легија Варшава од плејофот за Лигата на Европа, на плоштадот Мајдан во Киев, навивачите на Легија Варшава се судриле со навивачи на Динамо Киев и Днипро кои се збратимени. Пред почетокот не мечот, полицијата уапсила 67 навивачи на Днипро во киевското метро.