Колумбија - Чиле: 19-та минута 1:0, стрелец Борха. 20-та минута 2:0, стрелец Борха. 27-ма минута Борха во напад за хет-трик кој можеше да го оствари за 7 минути. Некогаш човек треба да е себичен.
Јанг Бојс, Малме и Бенфика синоќа обезбедија пласман во Лига шампиони преку мечевите од плејофот. Португалскиот претставник одигра без голови после триумфот од 2:1 против ПСВ дома, а едно големо благодарам му должат на Еран Захави кој со оваа голема утка го носи својот тим во Лига Европа.
Капитенот на Антверпен, 34-годишниот Фарис Харун, на мечот против Гент уште во 4' минута промаши нешто што се промашува само еднаш во живот. Таков зицер не е виден во белгиската фудбалска лига во скоро време. За негова среќа, Антверпен победи со 1:0 со голот на Мбокани на асистенција баш на Харун во 17' минута.
Кеси утна срамен зицер, судијата свирна офсајд, а не беше. Ѕаѕа излезе сам пред гол, се излизга и наводно се повреди. Пјонтек од едно метро со глава, како да ви кажеме. Со други зборови требаше да заврши 3:3, ако влезеа сите три.
На волку важен меч кој може да биде еден од клучните за титулата, необјасниво е како може играч како Фирмино кој игра во одлична форма, да гаѓа во небо, од ситуација која беше како измислена за гол.
Францускиот репрезентативец Метју Валбуена на мечот Лион - Лил (1-2) промаши нешто што се случува еднаш или ниеднаш во кариерата. Лион на крајот загуби и сега заостанува 8 бода од третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Каролис Квилдис на мечот ФК Кауно Жалгирис - Лиетава во Литванија, покажа дека во фудбалот понекогаш не е најважно да го поминеш и голманот. Со маалски речник „дрво дрво гаѓа“. За малерот по Квилдис да биде поголем, Жалгирис загуби 0:1.
Анонимниот напаѓач Тери Дод од англискиот нисколигаш Хоршам промаши чист гол, а потоа се изгреба пиво. Оладување е заслужено, неговиот тим победи 11:1, а Тери постигна хет-трик и со 30 голови оваа сезона го сруши рекордот на тимот стар 44 години.
На мечот ЦСМС Иаси - ЦФР Клуж во романското фудбалско првенство уште еднаш се потврди теоријата дека кога топката не сака да влезе во гол, не сака па макар шутирале и повеќе пати пред празен гол.