Фудбалерите за време на короната се снимаат дома со топка, а навивачите обично пејат или пуштаат навивачки песни на балкон. Овој изгледа бајаги се има проценето, мислејќи дека спаѓа во првите. Карантинот од сега ќе му се одвива само на балкон.
Во Премиер лига забранија ракување, во Серија А се игра без публика, а и таму не се поздравуваат. Што денови дојдоа, човек да не смее веќе ни топка да фати од тоа проклетата корона. Ама па мајстор си е мајстор и без топка.
Детево е од Тајланд и жонглира на улица со тоалетна хартија за да собере пари за школување. Еден искоментирал дека е подобар од Ешли Јанг, вториот му вели: дојди во Бешикташ, а трет тврди дека има подобра контрола од Лукаку, Игуаин и Мората.
Што се вика уште моча во гаќи, ама со топка е бетер од возрасен. Како не го здоболи нога од жонглирање вака бос, нас видот ни се умори, а броењето ни се измеша од што го прави ова брзо. За малце не стаса до 100-ка, околу 90 треба да се. Ваљда.
Ти само жонглирај, тренирај и кажи ни дека сакаш да играш за македонска репрезентација на позиција по твој избор, а ние ќе бараме македонски корени кај баба ти.
Бараш од сабајле некоја зезалица за да ставиш на сајт, по можност да е смешна и ти улетува некој рандом клип со жонглирање од кој ти се разубавува денот.
На 7 години од Јамајка дојде во Англија и почна да игра фудбал во школата на Квинс Парк Ренџерс. Замина за Ливерпул каде играше 5 години, а летово стана најскапиот англиски фудбалер во историјата откако потпиша со Манчестер Сити за 49 милиони фунти.
Додека неговите колеги патуваа низ Европа на квалификациски натпревари, Алексис со Чиле играше против Бразил во Лондон. Времето го искористи и да покаже дека знае да жонглира со жаба, со грејпфрут, со мало топче и со лук.
На Бразилците не дека требаше да им се случи Светско за да дознаеме дека сите шетаат по улици и плажи со топка. Овој мајстор убедени сме дека може да жонглира колку што има и години, а тоа се 87.
Откако децава не можеа да жонглираат повеќе од три пати, на сцена стапи супербабичка која почна да прави чуда со топката. Ликот не можеме убаво да и го видиме, а и според движењата тешко дека се работи за некоја баба.
Во оваа тешка неделна вечер место да броите кој колку гласови добил во борбата за градоначалнички места, броите ги мајсторските потези на овој Велшанец кој е граден да биде сумо борач, а ги знае финтите на Роналдињо.