Крајот на тековната година го одбележуваат разни избори на најдобро или најпопуларно ова или она. Различни лексикографски издавачи имаат свои избори на „нај“ збор, но Колинс оваа година ги претрка останатите со тоа што го прогласи акронимот AI (ВИ) за збор на 2023.