Наспроти вообичаената практика за отварање па затворање на некоја изложба, сценариото на оваа е обратно. Една лондонска галерија привремено се затвори, за во текот на тој прекин во работата, и во таа тишина, да се постават прашања во врска со современата состојба на уметноста и вредноста на уметничкиот труд.