Отприлика ова е периодот кога ќе почнат да излегуваат "Нај во 2013-та" листите по секакви основи. Една од првите е списокот на највирални реклами на годинава, а ја составува Unruly Media.
10-те најгледани реклами од годинава се прегледани околу 250 милиони пати, ама математиката на топ листата за нивната виралност вклучува и колку пати се споделени низ најразличните социјални медиуми.