Вчера (30.03) се прошири веста дека починал Вилијам Пауел, авторот на „лектирата“ на куп анархисти, бомбаши, убијци и терористи. Замина на 66-годишна возраст, без да му се оствари желбата - неговата книга да престане да се издава. За неговата смрт всушност се дозна шест месеци откако се случила, од одјавната шпица на нов документарец за неговиот живот под наслов „Американски анархист“.