Виктор Франкл е еврејски психијатар од Виена кој во 1942-ра, завршува во еден од концентрационите кампови. Три години подоцна излегува од таму, за во 1946-та да ја објави книгата "Човековата потрага по смислата," книга за неговото искуство во кампот (која ја пишува за 9 дена). Според него, разликата меѓу оние кои преживеале и кои умреле се сведува на една работа: Смисла.