Таг: видад казабланка

Најглупиот фаул што ќе го видите во фудбалот

Играат Ал Сад од Катар и Видад Казабланка од Мароко. Не ни е јасна намерава на ликов. Прво го држеше за врат како на некоја боречка вештина, а со другата рака му брцаше со прстот во око или така нешто.

Ти да видиш во африканска ЛШ како голман казни свој навивач кој се симна на терен

Актуелниот првак на Африка, Видад Казабланка му гостува и го добива 0:2 Атлетико Петролеос од Ангола. Во еден момент, навивач веројатно незадоволен од перформансот на голманот на домаќините, Хуго Маркез, му се симнува и го напаѓа. После ова искуство, нема да му текне друг пат вака да се глупира. Маркез му влезе дрско со шамари, а потоа обезбедувањето како партал го исфрли од стадион.

Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Мароканциве ја вртат игрицата

Ај што од Европа секој трет ден читаме за спектакуларни навивачки изданија, ама убаво е кога ќе се види вакво нешто и од друга страна на светот, особено од Мароко. Навивачите на Видад Казабланка, трофеен клуб од оваа земја, на мечот против Надхибу (4:1) направија интересна 3D кореографија. И не им е првпат.

Чек да видиш што е африканска Лига на шампиони

Египетскиот Ал Ахли морал да го прекине претпоследниот тренинг пред реваншот од финалето на африканската Лига на шампиони затоа што на стадионот дошле илјадници навивачи. Првиот меч против Видад од Мароко завршил 1-1, а реваншот е во сабота во Казабланка.

Колку само моќно звучат

Видад Казабланка е фудбалски клуб од Мароко кој не е страшно и да не го знаете. Не е дека во кладилница ја барате нивната лига за типување. Но мора да ги упознаете нивните навивачи по кои тимот е познат во Африка. Се викаат „Winners“ и името одлично им стои особено кога ќе ги чуете колку се добри. Велат најголем спектакл правеле на дербито против ривалите Раја Казабланка.