Таг: вхс

ВХС-и вредни злато

Во време кога носталгијата удира на стара технологија, луѓето кои пред 15 години решија да не ги исфрлат сите видео касети, сега се на добар пат да направат пари од ѓубрето што го чуваат дома.

Сегашноста е поубава во ВХС

Имаме малку поделени чувства околу проектов бидејќи ги има сите предзнаци на хипстерај, ама воодушевува колку добро е направен. ВХС пакувања на нови филмови, истрошени ВХС пакувања, како најновиот Лудиот Макс да поминал низ рацете на секој можен член на Милтон, или Her со месеци да бледее на излогот на 4-ка. И тоа е првиот дел од проектот, вториот е и самиот филм да го врати од која и да е дигитална технологија во ВХС квалитет.

Лекции по историја: Зошто Бетамакс изгуби од ВХС?

За тие што зборовиве во насловот ништо не ви значат, глупо е допрва да проверувате на Википедија. За вас другите, една од причините е што буквално е полесно да шверцуваш ВХС видеорекордер отколку Бетамакс. П.С. Овие со авторските права уште пред 30 и кусур години биле истите плачковци ко денес.