Пред Втората светска војна, Вера Пешиќ била таен агент на Кралството Југославија, на комунистите, на Германија и на Британија. Го запознала Хитлер, била љубовница на луѓе на високи позиции, поради неа многумина биле убиени, но и спасени. Напишала „Српска читанка“ и „Српски календар“. Стрелачкиот вод кој на крајот ја егзекутирал бил љубезно замолен да не ѝ пука в лице.