Таг: велемајстор

На 11 години ти успеа ова?

Детево се вика Бартош, Пољак е и направи потег кој не го можат ни светски играчи во сениорска конкуренција. Добро што е со ова Пољациве? Па уште не го слави голот, демек ова ми е работа, а магија направи.

Потег што најмалку го очекуваше голманот

Се вика Нино Коутер, игра за словенечкиот тим Мура и излезе толку голем мангуп пред гол, кој не само голманот, туку никој не би очекувал ваква завршница во ситуација еден на еден. Покрај инстинкт, тука треба да имаш и голема храброст да не се сплеткаш па да те ремети кој стигне.

Норвешкиот шаховски генијалец кој победува со врзани очи

Најголемиот шаховски велемајстор на денешницата, Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата светски шампион откако во финалето го совлада Русинот Сергеј Карјакин.