Во последната, петта епизода од мини-серијата, главниот истражувач на причините за несреќата пред судот и поротата одржува примитивен пандан на Пауер поинт презентација, кој би требало да стане модел за предавање нуклеарна физика. Од неа конечно ни стана јасно што се случило таа кобна ноќ во 1986. Кој бил храбриот човек кој се осмелил да ја соопшти вистината?