На прв поглед само мала приказна за исти такви луѓе, кои се обидуваат да живеат едни покрај други, а само кога баш мораат и едни со други. Но кога со одјавната шпица низ салата ќе се распрскаат звуците на „Зборот кој нè навреди“ и гласот на Јосипа, сфаќате дека сте присуствувале на филм со храбра и универзална порака за љубов и почитување, толку мека, а толку проклето потребна.