Хауард Леви е 64-годишен виртуоз на хармоника. Велат дека извршил револуција со тоа што усовршил тешка техника наречена „прекумерно дување" (overblowing), која му овозможува да добие ноти кои не се ни предвидени да се произведуваат со ова „свирче". И повлијаел на бројни генерации кои го менуваат имиџот на овој инструмент.