Турбината на Сименс за Северен тек 1 е стигната во Германија и чека Газпром да ја подигне или барем да ја побара.
Лавината западни санкции против Русија со својата масовност потфати и една турбина што Русите ја имаа пуштено на сервис во Канада. Сега трофејниот улов Западот ем ќе треба да го врати, ем ги раскара по веќе востановените линии.