Оваа година ќе го прославеше 55-тиот роденден, а замина нечујно, скромно. Таква беше и на кафанската маса, затскриена меѓу „вињакот", „препеченицата", црногорската „лоза" и „виљамовката". Никогаш наметлива, секогаш присутна. Како цироза на црн дроб, би додале злобните апологети на прохибицијата.