Евертон го пречека Вест Хем во 8. коло од англиското првенство. Во 74-та минута прими гол за конечни 0:1, а две минути подоцна Томаш Соучек доби копачка в лице која веројатно не му ја посакува ни на душман.
Ако не сте слушнале за Слован од малото место Хавличкув Брод со 23.723 жители во Чешка не е страшно. Се работи за клуб од четврта лига на оваа земја којшто летово заработи 2,1 милион евра - повеќе пари од дури 15 од вкупно 16 суперлигаши во Чешка.