Хибридниот знак, љубовен спој помеѓу точката и запирката, е резултат на период кога не постоеле интерпункциски правила, и секој можел да си измислува, додава и брише знаци кои му се допаѓаат. Ама таа е еден од ретките кои преживеале до денес.
Како вљубеник во интерпункцијата и во сето она што таа може да го стори овој текст ептен ме бендиса. Тој се однесува на едно „копиле" од знак, ни точка ни запирка, кој може и тоа како да биде креативно употребен, ако се најде во вистинските раце.