Меѓу најтипуваните натпревари кои на Типстерите им донесоа профит на беа средбите Фиорентина - Интер, Арсенал - Лестер и Манчестер Сити - Тотенхем кои ги типуваа на голови.
Само на дербито на колото во Премиер лигата Типстерите остварија профит од 6.475 кредити. За четири дена ќе дознаеме кои тројца ќе добијат таблет, топка и пиво. Тесно е на табела.
Натпреварот меѓу Лестер и Челси кој го добија домаќините е вториот меч на кој истовремено беа најмногу и заработени и загубени кредити во изминативе седум дена.
Ако некој фатил тикет ова коло во кладилница или поминал добро на Типстер нека ни пише, баш не интересира што фатил во викенд кога скоро сите фаворити кикснаа.
Драги типстери и типстерки, кладилничари и кладилничарки, махери и малери на колото и сите вие кои сте заболени од синдромот типување/кладење, стартуваме со вашата омилена кладилница за која и натаму нема да ви бараме пари, a ќе ви даваме подароци.