Девојката од оваа приказна ја знаеме уште како студентка по етнологија. Но за нејзините патешествија дознавме неодамна, кога го купивме најновиот број на „Лице в лице“ и ја видовме на фотографија. Тијана била во Јужна Америка? Правела и продавала торти за да заработи за патувањето? Ја каснал мајмун? Секој го истражува светот онака како што умее, вели таа. Ама некои се малку похрабри од другите.