Текстилните работници од Њу Делхи често пати опишуваат дека живеат во запуштени колиби „кои едвај одговараат за животни“. Шивачка од Мијанмар треба да бира дали ќе ги нахрани своите деца или ќе ги прати на училиште. Во Бангладеш шивачките работат над 100 часа неделно, и пак не можат да спојат „први со први“.