Да не биде дека не кажале, човекот од кинеската влада што моментално е задолжен за работи околу корејскиот полуостров, појасни дека во Тајванскиот теснец, што го дели Тајван од Кина, има повеќе зони, меѓутоа ниту една од нив не е „меѓународни води“.
Додека Западот уште се пакува во Авганистан, кинескиот Глобал тајмс во едиторијал му порачува на Тајван дека поуката што треба да ја извади од Авганистан е дека кога ќе избие војна во теснецот, одбраната на островот ќе колабира за неколку часа, а американската војска нема да дојде да помогне.