Ниту една статистика, графикон или новинарски текст не може да се спореди со лично сведоштво на некој кој заболел од Ковид-19 и (фала богу) преживеал за да раскаже. Наш читател кој живее во САД се согласи да го објавиме неговиот дневник, со делумно променети имиња. Бесен, уплашен, грижлив, оптимистичен - ова е текст кој што е пред сè искрен и многу човечен поглед кон новата реалност која ја опишува.