До сега Загмајстер го познававме како дизајнер на корици на албуми на Лу Рид, Стоунси, Дејвид Брн и Пет Метени. Австриец со постојан дом во Њујорк, тој деновиве е актуелен со изложба посветена на општочовечката потрага по среќата, поставена во Музејот на применета уметност во Франкфурт.