Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.
Исто како и на првиот натпревар во Романија, македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски и на дуелот со Челси во Лондон му помогна на противникот да дојде до водство.
Како што и се очекуваше со оглед на „високите“ амбиции на управата на ФК Вардар, македонскиот шампион не шутна на голот на Стеауа и загуби на гостувањето во Романија со 3:0. Останува да бидеме среќни што поразот не е и повисок и да си се тешиме на наш начин.