Едноставните случаи на несогласувања би требало да се разрешат токму така - едноставно. Но што е со оние подлабоките? Наспроти сите заложби за „приближување на ставовите“, тоа во такви случаи едноставно не е можно.
Јавноста ги дозна расистичките ставови на сопственикот на Клиперси, сите се згрозија а НБА му удри доживотна забрана и милионска парична казна. Навидум, сè е како што треба да биде во едно морално здраво и сензитивно општество. Ама, дали е баш така?