Изминатите пет години сајтот за наука Nautilus има објавувано бројни интервјуа со познати научници. Едно од прашањата кои се повторуваат во нив е што би сакале тие да бидат доколку не би биле научници. Иако има и пооткачени одговори, голем број од нив, од невронаучници, преку астрономи до физичари велат - режисери и уметници.