Таг: Славе Николов

Како Ѓорги и Славе ги строеја играчите во финалето од ЛШ?

Начевски и Николов низ годиниве станаа македонски судиски ракометен пар со голема меѓународна репутација. Им доделија задачи на Олимпијади, светски и европски натпревари, а во сезоната 2023/2024 го судеа финалето од Лига на шампиони меѓу Барселона и Алборг. Погледнете го нивниот авторитет во комуникација со играчите.

Николов и Начевски за дуелите со Лино и Вујо

Славе Николов и Ѓорги Начевски ја објаснуваат разликата меѓу двете тренерски легенди Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Велат искуствата со нив двајца се дијаметрално спротивни. Едниот агресивен, другиот дипломат.

Си биле двајца Македонци и еден Србин

На Олимписките игри има место само за најдобрите.

Ракометен час по судење со Начевски и Николов

Франција има 25.000 судии, Германија 50.000, а Македонија само 40 судиски парови, од кои 7 меѓународни. Двајца од нив се дел од европската елита, и се неизоставен дел од најголемите ракометни битки. Слушајте ги внимателно во една релаксирана и забавна атмосфера за да сфатите колку се стручни момците.

Начевски и Николов уште во 1 минута доделија црвен со ВАР

Најдобрите македонски судии во третото коло на Мундијалот беа задолжени за мечот Португалија - Унгарија кој заврши 27:20. По само 45 секунди игра им се отвори многу работа поради грубиот старт на Унгарецот, Адријан Сипос.