Симон го памтиме од Скопје како ликовен уметник и стрип цртач. Неговата последна изложба дома, од 2016, беше посветена на цртежи од Кападокија. Последниве четири години живее и работи во Јапонија, како архитектонски илустратор. За свое дело - панорамски приказ на Токио, ја доби престижната награда која ја доделува Американското здружение на архитектонски илустратори. Го прашавме зошто се важни рачните илустрации во архитектурата, и со што друго се занимава во слободно време.