Нашата ракометна гордост која веќе втора година по ред ќе биде во друштво на најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите, растоварен го заврши последниот настап во групната фаза. Во салата „Борис Трајковски" Металург со триумфот над Сикелборг од 32:18, само ја потврди втората позиција во групата.