Од Германија и Англија, до Франција и Италија, викендов во Европа паднаа неколку ефектни голови кои го обележаа колото. Во Бразил, голманот Рожерио Сени го даде 124. гол во својата кариера.
Навивачите на Штутгарт водеа долга и исцрпувачка битка за да си го вратат едно од старите бележја на клубот кој потекнува уште од оформувањето, а тоа е логото. На крајот упорноста им се исплатеше, а моментот го доживеаа еуфорично.
Спортистите не престануваат да не изненадуваат со нивте празнични честитки. По Коларов, Далас Маверикс и Милан, на ред дојдоа и фудбалерите на Штутгарт кои освен со завивањето на Jingle Bells, се истакнаа и со играњето.